Целта на списанието TNT е создавање на еден иновативен младински орган за информирање и забава. Преку тинејџерското списание на малдите во Неготино, па понатаму и пошироко ќе им овозможиме една алтернатива за информирање, забава, а истовремено и ќе го поттикнеме интересот на младиот човек околу различни теми. Ова списание е едно интересно четиво кое го создаваме со цел да ги едуцираме, а воедно и ментално да ги раздвижиме младите низ градов.
За една новинарска дејност да егзистира и да дава продукти неопходни се одредени финансиски подршки на самиот старт. Овде рака ни подадоа ГЦПР (граѓански центар за превентива и ресоцијализација), Friends of Macedonia, поранешна група на мировни сили која сè уште сака да биде приклучена кон државата преку донирање пари за проекти.
Кога ќе ја свртите оваа страница можете да очекувате една огромна разноликост од стилови и теми со кои се опфатени рубриките во TNT. Од музика и филм, до литература, ликовна уметност, предлози за полесно снаоѓање со училишните задачи, мода, интервјуа и репортажи за разни настани од сите области.
Членовите на Новинарскиов клуб присуствуваат и на разни обуки кои обично ги организираат координаторите, Austin Fast и Тоде Пашлаков, со една единствена цел кон која секој нареден миг се доближуваат сè повеќе и повеќе – стекнување на одредено искуство од областа на новинарството и произведување на квалитетни идни новинари како и развивање на до сега стекнатото знаење и способности.
Со љубов,
Од тимот
No comments:
Post a Comment