Сите
во светот ралично ја празнуваат,да видиме неколку народи коишто на чудееразбирлив начин кога и како си поминува
Нова
Година во Индија (Асаметите-народ кој живее во Индија)
Асаметите се народ во Индија коишто на чуден начин ја
празнуваат Новата Година.За нив оваа 2012 е 2069 година,изгледа тие многу
залетале во иднината.Имаат една интересна традиција која се нарекува
гамоча,односно тоа е ткаење на крпа која се дарува на постарите членови во
фамилијата и тоа на првиот ден од Новата Година која што кај нив е
наречена Ронгали биху.
Инаку Асаметите живеат во потхималајскиот регион на
Индија и прославата на Новата година ја поврзуваат со почетокот на пролетта.За
вереме на неколкуденвите празнувања тие ги изведуваат т.н древни биџу танци.
Па
како и да е им ја Честитаме Новата 2012 година!
Која Година е и како се прославува во Исламскиот свет?
Луѓето во Исламскиот свет веќе одамна ја дочекаа новата
1434 година,односно тие ја дочекаа Новата Година т.н. Ера-Хаџра.Исламските
верници велат дека за Новата хиџретска година нема посебни ритуали, молитви или
јадење.Тие не организираат веселби и дочеци, туку доаѓањето на Новата година го
одбележуваат единствено и верски свечености за таа пригода.Тие Новата Година ја
слават бидејќи на таа дата во 622 пророкот Мухамед преминал од Мека во
Медина,односно тоа е празникот Курбан Бајрам.Нивната Нова Година се состои од 12 месеци и 354и притоа
во циклусот од 30 години, 11 од нив имаат по 355 дена и тоа 2-рата, 5-та, 7-та,
10-та, 13-та, 18-та, 21-та, 24-та, 26-та и 29-та година.
Нека
им е бериќетна Новата Година и на нив!
Што
прават и како Кинезите ја прославуваат Новата Година?
Кинеската
Нова година, позната е и како лунарна (месечева) Нова година.Таа секоја година
се паѓа на различен датум, а паѓа на
првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или тоа се околу четири до осум
недели пред пролетта. Датумот мора да е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари
според Грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со
прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија.
Оваа прослава е една од најважните во Кина.
Среќна
Кинеска Нова Година
Кои
се пригодите и кои се ја слават Еврејската Нова Година?
Еврејската Нова Година е наречена и Рош Хашана
што на Еврејски значи
„глава
на годината“.За нив оваа 2012 гоина за нас е 5773,интересно е тоа што тие ги
бројат годините од „од создавањето на светот“.Нивни поздрав за Нова Година е ‘’Шана
Това’’ што во превод значи ‘’Добра Нова Година’’.
Евреите
сметаат дека светот настанал 3761 година пред Христос. Годината не им почнува
со првиот, туку со седмиот месец. Во синагогата, во првиот час од годината се
пее песна за пророкот Исаја,а во домовите се се чита молитва на Кидаш,
благослов на лебот и посебен благослов за овошјето.Тогаш се зема јаболко и се
премачкува со мед, за годината да биде слатка.
Новата
година се обележува два дена и сите во Израел се слободни.
Добра
Нова Година!
Нова Година кај нас !
Сите ние добро знаеме како кај нас се
доживува и прославува Новата Година,која се брои од раѓањето на Исус Христос.Собирања
со друштво ,во дискотека до рани зори, на плоштад,во некој ресторант со жива
музика свртување по некое оро и убава пејачка,дома пред телевизор,дома со
семејството и тесен круг на пријатели..... Тоа е само еден мал дел од многуте
начини на кој се прославува Нова Година кај нас,тоа е најлудата ноќ за сите
генерации тогаш се знае само едно: забава и лудо поминување.
Нека ни е среќна и уште побериќетна оваа година 2012!
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
No comments:
Post a Comment