На YOU TUBE беше објавен првиот трејлер за новиот македонски филм снимен по
сценарио и режија на Дарко Митревски, „Трето полувреме“.
Овој филм не е само за судбината на Евреите, овој филм делумно го опфаќа
холокаустот на македонските Евреи, во добар дел зборува и за почетоците на
македонскиот фудбал како и за некои пресвртни години на формирањето на нашата
држава и јакнењето на нашата национална свест.” А покрај сè тоа е и една многу
нежна љубовна приказна” – вели Митревски.
Оваа историска драма е базирана на вистински настани од четириесетите
години на минатиот век, а која многу од постарите жители на Дебар Маало добро
ја знаат. Филмот раскажува за фудбалскиот клуб „Македонија“, но раскажува и
една љубовна приказна на еврејката Ребека која го избегнала холокаустот и
депортацијата на 7.200 македонски Евреи, меѓу кои и сите нејзини најблиски.
Режисерот и сценарист, Дарко Митревски идејата за филмот ја добил од сега
деведесет и две годишната еврејката Нета Коен од која се откажало семејството
бидејќи се вљубила во различен од неа, а токму забранетата љубов ја спасило од
сигурно депортирање.
Во главните улоги се познатата манекенка Катарина Ивановска и Сашко Коцев,
а покрај нив настапуваат и Раде Шербеџија, Рихард Замел, Емил Рубен, Митко С.
Апостоловски, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Димитар Доксевски, Оливер
Митковски, Милан Тоциновски, Аксел Мехмед, Ивица Димитриевиќ, Игор Ангелов,
Игор Стојчевски, Бедија Беговска, Верица Недеска-Трајкова и Петар Арсовски. За
костимите е одговорна Ксенија Терзовиќ, а музиката е на Кирил Џајковски.
Ви нудиме да го проследите промотивното видео од „Трето полувреме“...
Фотографиите се
искористени од Интернет
No comments:
Post a Comment