Интервју со Марика Ѓорѓиева
професор по физика, координатор на програмата
- За почеток, можете ли да ни кажете за каква Еко програма станува збор?
СОУ,, Св. Кирил и Методиј,, –Неготино во својата годишна програма за работата ја внеси Еко програмата: “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, правејќи ја истата свој составен дел и со тоа ја официјализира по однос на препораките од потпишаниот Меморандум на Европската Унија со Министерството за образование и наука на Р.Македонија.
Во текот на учебната 2011/2012 година, училиштето треба да помине низ седумте Еко фази и тоа:
1. Формирање на Еко Одбор;
2. Анализа на состојбата на животната средина;
3. План на активности;
4. Следење и евалвација на напредокот;
5. Поврзување со наставната програма;
6. Информирање и вклучување на целото училиште и пошироката заедница
7. Изработка на Еко кодекс
- Кои се главните цели на Еко програмата?
Главни цели на програмата се: континуирано подигање на еколошката свест и култура кај учениците, кај вработените и сите оние кои се во посреден или непосреден допир со училиштето за заштитата на животната средина, за нејзиното чување и одржување ; да го подига нивото на свесно размислување за значењето кое го има животот во чиста и еколошки здрава животна средина и околина ; да им овозможи на учениците да ја согледат корелацијата меѓу наставните предмети и екологијата и своите стекнати знаења да ги имплементираат во зачувувањето на животна средина во училишната заедница и пошироко.
- Кои се членови на Eко - одборот и која е неговата улога?
Членови на Еко -одборот се избрани претставници од: локалната власт; ЈП Комунална хигиена; Совет на родители; Училишен одбор; вработени наставници; технички персонал; директорот, педагогот и психолог на училиштето; ученици од I до IV година.
Улогата на Еко-одборот е следење на тековната состојба во сите сфери и аспекти за заштита на животната средина; координирање на целокупната реализација на сите останати фази од еко програмата; помагање во изнаоѓање на материјално-финансиска подршка; соработка со локалната самоуправа, заинтересираните родители и пошироката јавност. Еко-одборот при својата работа мора да се придржува кон пропишаните Еко стандарди.
4. За какви еко стандарди станува збор?
Во програмата: “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем” зацртани се 4 еко стандарди и тоа:
1. Заштеда на електрична енергија
2. Заштеда на вода
3. Оддржување на училишната зграда и здрава средина во училиштето
4.Уредување на училишниот двор
- Како ја координирате работата за успешна реализација на програмата?
Формирани се 5 еко-тимови (по еден за секој еко стандард и една аудио визуелна работилница) . Членови на еко - тимот се : професори, од кои едниот е член на еко-одборот; претставници од техничкиот персонал и ученици кои ги сочинуваат еко-патролите од кои по 2 ученика се членови на еко-одборот. Секој еко-тим е одговорни за спроведувањето и реализацијата на планираните активности во рамки на својот еко-стандард. Еко -одборот ја следи состојбата и констатира дали акциите од планот за активности се реализираат, дали се добиваат очекуваните резултати, дали има напредок, позитивна промена и прогрес.
- Како се вклучени младите во програмата и како тие се координираат?
Сите ученици се директно вклучени во програмата преку реализација на еколошки содржини имплементирани во наставните програми.
Што се однесува до еко-патролите, младите самоиницијативно според своите склоности и способности се вклучуваат во истите.
7. Кои се генерално активностите на еко-патролите?
Дел од активностите на еко-патролите се:
- Да учествуваат во спроведувањето на анализата на животната средина, да даваат
предлози, да одлучуваат, континуирано да ја следат тековната состојба.
- Да изработуваат кампања за информирање на пошироката јавност.
- Да учествуваат во организирањето и спроведувањето на активностите , да водат
евиденција за бројот на учесниците, за постигнатите резултати.
- Да контактираат со пошироката заедница ( родители, локални организации, медиуми и др.)
- Да подготвуваат материјали за да се промовираат реализираните активностите преку
локален весник, медиум, изложба, веб-страна на училиштето и т.н
- Можете ли накратко да ни кажете кои активности се во тек, а кои се веќе реализирани од страна на младите членови од еко патролите?
- Членовите од еко-патролите од сите еко-стандарди ја спроведија анализата на животната
средина во училиштето. Утврдена е фактичката состојба во училиштето: број на исправни/
неисправни чешми, тоалетни казанчиња, водоводна инсталација, извршено е мерење на
загуба на вода. Анализирана е состојбата со хигиената во училиштето: број на џогери, крпи
за различна употреба, користење на еколошки средства за чистење. Извршена е анализа на енергетската состојба : број на сијалици, неонки, рефлектори, штедливи сијалици, грејни
тела,клими и други електрични уреди. Пресметана е потрошувачката на електричната
енергија. Анализирана е состојбата во сите училници и другите простории во училиштето
како и во училишниот двор.
- Во рамките на секоја еко-патрола , нејзините членови паралелно со следењето на
тековната состојба ги реализираат и зацртаните приоритетни активности.
- Во моментот во тек е подготовка на кампања за информирање на пошироката јавност за
нашите активности како и за неопходноста од брзи промени на нашите навики со цел
заштита на животната средина.
- Дали сте задоволни од самата активност на младите во реализирањето на овие проекти?
Сите вклучени професори во проектот, сме презадоволни од сериозноста,
исполнителноста, одговорноста и мотивираноста на учениците да дадат доприност во релизацијата на сите активности поврзани со зачувувањето на животниот простор . Нивните идеи се всушност базата за поставување на секоја наредна активност која води кон крајната цел –создавање навики за чување на природната околина, чување и штедење на природните ресурси, навики за учење, творење и дружење во чиста и здрава средина. Тоа го потврдува и бројот на ученици партиципанти во еко-патролите кој се приближува до 300.
- Имате ли некоја препорака за младата генерација во однос на екологијата?
Еден апел до сите да се вклучат во еколошки акции кои ги спроведуваме во училиштето. Сите заедно да ги споделиме идеите, знаењата , искуствата и истите да ги примениме за да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации. Само со упорна работа, преземање на разни иницијативи, спремност за работа и соработка можеме училиштето да го претвориме во дом на образование, култура, физичко здравје и дружење .
Истовремено, упатуваме апел до локалната заедница и сите што сакаат да се вклучат во нашите активности, дека поканата за соработка останува отворена.
Оваа година се вклучивме и во кампањата “ Здрава храна за детство без мана” како и во програмата “ Млади репортери за животната средина” кои се составен дел од Еко програмата.
Изработка
Емилија Петреска
No comments:
Post a Comment