Search

Sunday, February 26, 2012

Протеини за одржување на здрав организам !!! ( Vitality )



Протеини за

одржување на здрав 

организам !!!











 
           Првиот, најважен и незаменлив, кралот кој се наоѓа над сите како во нашиот организам, така и на дневното мени – протеинот. Неговото име е дојдено од грчкиот збор „protos“ кој и самиот во превод значи прв, најважен. 

За  да се одржи виталноста на организмот треба да се практикува здрава и разновидна храна која ќе ја задоволи дневната потреба на организмот во однос на витамини, минерали, јаглехидрати, протеини, а воедно треба да се практикува и одредена физичка активност, спорт, пред сè за одржување на кондицијата, здравјето, а и за градење на убаво тело. 

Протеините се од најголема важност пред сè кај младите и организмите во фаза на раст и развој (малите деца, децата во пубертет, спортистите), како и кај сите останати категории на луѓе. Во спортот протеините се најнеопходниот елемент како градивна материја на целиот организам, а особена улога овде играат есенцијалните протеини. Кога станува збор за протеините од голема важност, па дури и неопходно е да се конкретизира каде ги има протеините и кое е нивното суштинско значење.
 
Внесот на протеините треба да биде 1гр. на 1кг. телесна тежина, а додека кај поактивни спортисти оваа количина треба да се зголеми. Во исхраната, протеините може да се најдат како животински и растителни протеини. Поточно во производите од животинско потекло се сместени животинските протеини и тие се од двојно поголема важност за организмот одошто растителните. Нивната искористливост е многу поголема во организмот на човекот.
Од кои призводи најмногу можете да ги искористите протеините:





    - јајца, особено белката



 
   - Месо, а два-три пати во неделата е препорачлива и риба како замена за месото.









- Сирење, урда, јогурт, зденка и сите останати млечни производи. Овде е особено важно да се спомне сурутката која е главен извор за производство на најдобрите протеински напитоци. Таа има висок коефициент на искористливост, а аминокиселините од сурутката се одликуваат со највисока биолошка вредност.



 




                                                   - Млеко, особено козјо и кравјо млеко



- Но како што рековме, покрај протеините од животинско, овде се и протеините од растително потекло кои иако не се дотолку искористливи сепак се неопходни. Протеините од растително потекло се од особена важност за вегетаријанците. Вегетаријанската исхрана подразбира целосно одбивање на храната од животинско потекло, па бидејќи вегетаријанците не ги примаат протеините од животинско потекло ќе мораат да се послужат со оние од растително. Но да напоменеме растителните протеини се исто толку важни и за оние кои ги консумираат и животинските протеини.
Протеините од растително потекло најмногу можете да ги придобиете преку:




- Сојата е еден од производите од растително потекло кој содржи огромно количество на протеини. Сојата е максимално искористувана во вегетаријанската исхарана како замена за месо и месните производи и млеко и млечните производи. Таа делува и како природен лек во спречувањето на многу болести. Така на пример делува на холестеролот и го подобрува неговото отстранување. Најинтересните податоци за сојата се однесуваат на нејзиното позитивно дејство во менопаузата за жените. Таа содржи и билни хормони кои можат да ја надополнат намалената активност на јајчниците.

- Житарките можат да бидат идеално решение за појадок.

- Зрнест зеленчук (леќа, грав, грашок...).
- Јаткасти плодови










Не дозволувајте ниту еден ден да ви помине без доволниот внес на протеини во организмот. 
 Протеините се токму оние војници во вашето тело кои ви ја даваат енергијата. 
Внесувајте животински и растителни протеини во сооднос 2:1 за да ги наполните батериите за вашите секојдневни активности.



                                                                                                          
                                                                                                           Подготви: Елена Данова, LENA


No comments:

Post a Comment