Search

Sunday, February 26, 2012

ДОПИСНИК


Љубов на прв поглед или љубов на прв лајк


Се сеќавате ли  на времињата  кога наместо ајде на „chat“ велевме ајде на улица?Се сеќавате ли на сето она што беше пред настанувањето на социјалната мрежа Facebook?Убаво е да се сеќавате ..засега само тоа ни преостанува.Овие прашања постојано се вртат околу нас, кои некои паметни се обидуваат да ги наметнат а во кои ни самите не веруваат.Полека, полека, започнавме со  навлегувањето во виртуелниот свет на нерeалната слика која секојдневно  се создава  во нас гледајќи го сето она што се случува на оваа социјална мрежа.Оваа нереaлана слика создаде еден вид на „задушување“ на реалниот живот.Ние секојдневно поминувајќи го нашето слободно па дури и нашето „неслободно“ време на facebook  ги губиме вистинските вредности, а истовремено се помалку знаеме за значењето на зборот живот.Сепак сето тоа не значи дека не треба да седиме на facebook, но треба да го намалиме времето кое залудно го по минуваме таму.Кога станува збор за љубовта не е доволно тоа што светот преку комјутерскиот екран го гледаме како на дланка.За да дознаеме што навистина  значи зборот љубов треба многу повеке од тоа.За жал, повеќето од нас бараме личност што ке ни го промени  стаусот за врска на facebook  а не личност што навистина ке ја сакаме и ке ни биди задоволство слободното време да го поминуваме со неа.Тука во овој свет зад сликите така наречената љубов започнува со волшебното „лајк“, а завршува со  суровото „отстрани од пријател“.Но немора да значи дека е така,можеби тој еден „лајк“ бил пресуден за да расцути љубовта во нечии срца.
Сепак, како  една  мала препорака од сето ова теба да биде  полека полека да започниме да излегуваме од длабочините на виртулениот свет од каде  повторно ке ни се отворат вратите на реалниот живот и  јасно ке можиме да видиме дека љубовта не е само група на facebook.

                                                  Александар Мицевски
                                                                           
 С.О.У Гимназија „Јосип Броз - Тито“ Битола

No comments:

Post a Comment